Американскиот амбасадор во Москва сепак ќе оди во Вашингтон на консултации

од Nikola Popovski
241 прегледи

Американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, оваа недела ќе се врати во Вашингтон, пишува порталот „Аксиос“, повикувајќи се на претставникот на Стејт департментот.

„Амбасадорот Саливан оваа недела ќе се врати во САД за да го види своето семејство и да се состане со членовите на новата администрација со кои немал можност да се консултира откако се согласи да ја продолжи функцијата на неодредено време“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Според него, Саливан „ќе се врати во Москва во следните недели“.

Претходно, „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори, напиша дека Саливан немал намера да ја напушти Русија и покрај препораките на руското Министерство за надворешни работи дека треба да замине во Вашингтон на консултации. Според извори, доколку Русија сака Саливан да ја напушти Москва, „ќе мора да го присили на тоа“.

Да потсетиме, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 16 април објави дека руската страна го советува Саливан да „оди во неговиот главен град и да одржи сериозни консултации“. Руското Министерство за надворешни работи смета дека амбасадорите на Русија и САД во Вашингтон и Москва треба да бидат во нивните главни градови за да ја анализираат ситуацијата.