436
Во затворот во Идризово, утринава бил извршен претрес во ќелиите на осудените од „Диво насеље”, при шти биле пронајдени мобилни телефони и други недозволени средства.
Од Управата за извршување на санкции за МИА информирале дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.
Акцијата поминала во најдобар ред и без инциденти.