326
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, денеска, на редовна прес-конференција, ја прими вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19.
Обрадор (67), кој беше заразен со коронавирусот во јануари, рече дека сака да ги охрабри сите постари возрасни лица да се вакцинираат, објави „Ројтерс“.
„Сигурни сме дека нема ризици, нема опасности, дека нема сериозни несакани ефекти“, рече тој.