355
Актерката Елизабет Мекговерн (59) раскажала дека таа го научила Бред Пит (57) како да се бакнува.
Ѕвездата од серијата „Даунтон опатија“ додаде дека таа го направила мажот каков што е денес. Двајцата глумеа заедно во филмот „Сервис“ во 1994 година, а на големото платно имаа страствен бакнеж.
Во емисијата водена од Кели Кларксон, Елизабет зборуваше за времето кое го поминале заедно на снимањето.
Кога Кларксон ја праша дали некогаш се бакнала со Бред Пит, Мекговерн истакна дека тоа го сторила поради работата.
„Колку прекрасна работа! Постојат и полоши работи за да се заработи за живот. Јас го направив мажот каков што е денес, тој научи сè благодарение на мене“, рече актерката во тоа шоу.