297
По Челси, Манчестер Сити, Арсенал, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Јувентус, Тотенхем се повлекува од Европската Супер лига.
Или барем таквата одлука се „разгледува“, како што објави англиски „Мирор“.
Тоа е исто така логична одлука на „петлите“ бидејќи е јасно дека најверојатно нема да има ништо од Суперлигата, но сепак тие се најголемите губитници во целата ситуација.
Бидејќи, само еден ден по објавувањето на основањето на ЕСЛ, Жозе Мурињо реши да не го изнесува тимот на тренинг во знак на протест, па затоа доби отказ.
Сега, кога и тие самите признаа дека погрешија, останува прашањето дали можеби ќе го поканат Мурињо да се врати назад.
Или уште подобро, како ќе реагира „специјалниот“ на можен ваков повик?