Министерот за здравство Златибор Лончар изјави денеска дека Србија, како членка на ООН, ќе ја почитува одлуката на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) за отстранување на марихуаната од списокот на наркотични средства и изјави дека Србија веќе работи на тоа.
На заедничката прес-конференција со македонскиот министер за здравство, Венко Филипче, Лончар соопшти дека нема причина Србија да не ја почитува одлуката на ООН.
„Ние веќе влеговме во оваа проблематика и како членка на ООН, ќе почитуваме сè. Работиме на тоа и како што тие замислија, нема причина да не се применува, без да се загрозат граѓаните и законодавството“, рече Лончар.
Тој додал дека одлуките во тој поглед ќе ги донесат најголемите експерти во земјата и, наведувајќи дека ова е исклучително чувствителна тема, ги замоли сите да не претпоставуваат однапред што и како ќе биде, туку да бидат трпеливи.
„Тоа е исклучително чувствителна тема. Најпрофесионалните луѓе во контакт со ООН ќе дадат решение. Потребно е трпение“, заклучи српскиот министер за здравство, пренесува Танјуг.