Какво време не очекува во наредните денови?

од Nikola Popovski
415 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, додека во попладневните часови, локално ќе има повеќе облачност, која ќе има услови за слаб локален дожд.

Температурата на воздухот ќе се искачи во интервал од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Од недела се очекува пораст на температурите и стабилизација на времето.

Слични содржини