Роденден на најдолговечната кралица на светот

од Берта Китинска
543 прегледи

На денешен ден во 1926 година, се роди една од највлијателните жени на сите времиња – кралицата Елизабета Втора (Елизабета Александра Мери).

Елизабета има препознатлив имиџ и став, и на позицијата на суверена Велика Британија го помина најдолгото време од сите претходници (на 9.09.2015 година ја престигна кралицата Викторија).

По раѓањето, како член на кралската линија, таа ја доби титулата принцеза, но можностите за нејзино наследување на тронот беа многу мали.

Иако на сите ни е позната како кралица и не можевме да ја замислиме на друга позиција, овој исход се должи на непредвидлива ситуација, а тоа е поради одрекување од титулата за тронот на нејзиниот чичко Едвард VIII.Во тоа време, Елизабета имала помалку од десет години, а нејзиниот татко дошол на власт.

Првите должности започнала да ги извршува со нејзиниот татко, за време на Втората светска војна.Во текот на 1940 година, таа им се обрати на Би-Би-Си на децата кои ги загубија своите домови во бомбардирањето на британските градови и подоцна беа евакуирани.

Пет години подоцна, таа се приклучува на армијата како возач и механичар и со тоа соборува уште еден во низата рекорди како единствената жена од кралското семејство што поминала воена обука.

Денес, Елизабета е единствената жива шеф на држава која учествувала во Втората светска војна.

По смртта на нејзиниот татко, во 1952 година, започна нова ера, ера во која В.Бртианија живее денес, а тоа е владеењето на кралицата Елизабета Втора.

Нејзиното крунисување беше првото на телевизија и откако ја доби круната, таа стана шеф на Комонвелтот и седумте независни земји на Комонвелтот.

Се омажила во 1947 година, војводата од Единбург или. Принцот Филип, кој неодамна почина, со кого имаше четири деца.

Елизабета е исто така шеф на државата која посетила најмногу земји во светот, а таа бројка достигнува дури 116.

И покрај тоа што беше најдолговечна кралица на сите времиња, таа не можеше да избегне критики.

Низ историјата, кралското семејство минувало низ одредени кризи, како што е смртта на принцезата Дајана во 1997 година, но поддршката што ја имаше од јавноста никогаш не изостана, што зборува за силната позиција што ја обезбеди со текот на времето, но и нејзината популарност кај масите.

По повод јубилејот – 70 години од нејзиното владеење, во 2022 година, ќе се одржи голем настан, за кој веќе се одвиваат подготовките.

 

Слични содржини