Додик ја прими руската вакцина против коронавирус

од Nikola Popovski
309 прегледи

Денес, претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, ја прими руската вакцина Спутник V.

Додик ја прими вакцината за коронавирус на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, a на вакцинацијата присуствувал и директорот на ССК на Република Српска, Владо Џајиќ.

Да потсетиме, Додик го прележа коронавирусот. Тој беше заразен во декември минатата година, а помина 16 дена во болницата, по што беше пуштен на домашно лекување на 5 јануари.

Република Српска се согласи да купи 1,1 милиони вакцини Спутник V, но досега има добиено само 40.000. Во наредните денови се очекува нов контингент на оваа вакцина.

 

Слични содржини