186
Министерстворо за внатрешни работи соопшти дека биле приведени седум лица во текот на полицискиот час, во изминатата ноќ.
Според податоците, од лишените од слобода двајца се странски државјани, а тројца се малолетници.
-Прво во 21:35 часот во Желино движејќи се со возило „голф“ биле затекнати две лица, возач на 29 години од истото село и сопатник на 28 години од Требош. Десетина минути по полноќ, на улица „Илинденска“ во Тетово, приведени се Т.М.(28) и Б.Ц.(30) од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето и кои ја прекршиле забраната за движење. Во 01:45 часот на улица „29 Ноември“ затекнати се малолетници на 13, 14 и 17 години кои се приведени во присуство на родител, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.