Во изминатото деноноќие во Скопје хоспитализирани 68 пациенти

од Andreja Salpe
319 прегледи

Вкупно 1.641 пациент има во ковид-центрите низ државата, а од нив 689 се во Скопје, додека 952 во другите градови. Утрово, според Министерството за здравство, имало околу 380 празни болнички кревети, а само во Скопје 90.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 32 се на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември примени се 11 пациенти, исто колку и на Инфективната клиника. Во Козле билe примени 3 нови болни, 8 се примени на Клиниката за детски болести, а тројца во Институтот за физикална медицина. Во истиот период дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 286 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на ковид 19 вирусот, на ГАК има 5 позитивни пациентки, а на Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 53 болни.

Од болниците низ државата, најмногу хоспитализирани има во Битола-124, па во Прилеп-107. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес 88, а во Куманово 103 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Гостивар 45, во Струга 19 болни, во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 25, во Кичево 35, Кавадарци 58, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Слични содржини