Малолетник се обидел да силува 13-годишно девојче

од Берта Китинска
335 прегледи

Вчера во близина на пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип во периодот од 17 до 19 часот малолетникот се обидел да изврши обљуба врз девојчето, кое барало помош. Случаен минувач слушнал како девојчето повикува и бара помош, по што веднаш повикал полиција.  Полициските служби го лишиле  од слобода малолетникот од Куманово.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека 15 годишниот малолетник од Куманово и две години помалото девојче од Штип се запознале на социјалните мрежи, каде и имале комуникација.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини