Со 9 гласови „ЗА“ , Советот на јавни обвинители ја избра Фатиме Фетаи за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство.
На денешната седница на Советот на јавните обвинители избра 5 обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од нив се поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. На денешната седница во тимот на Вилма Русковска беа избрани и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевич.
Советот информираше дека во конкуренцијата има вкупно пријавени 14 кандидати, кои биле оценети со позитивна оценка.
-Никола Довлев добил 24,5 поени, Лиле Стефанова 25 поени, Елизабета Јосифовска 24 поени, Наташа Поп Трајкова 24,5 поени, Фатиме Фетаи 25 поени, Имра Османи 20,5 поени, Артан Ајро 25 поени, Трајче Пеливанов 25 поени, Златко Биковски 25 поени, Љубомир Лапе 24,5 поени, Вера Проевска 23 поени, Катерина Коларевич 25 поени, Наташа Сарамандова (не беа кажани поени), Верица Крстевска 25 поени, истакна претседателот Ацо Колевски, додавајќи дека повеќето обвинители имаат освоени 25 поени, и станува збор за стручни кадри.