Одземени 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва

од Nikola Popovski
258 прегледи

„На 21.04.2021 околу 23.00 часот, по преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во дворот од куќа на ул.„Маршал Тито“  во Берово, сопственост на М.П., биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва“, соопштија од МВР.

Од таму исто така додаваат дека денеска (22.04.2021) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово,  во с.Двориште, на место викано „Буково“, во приколка биле пронајдени бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.

„На друга локација во с.Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва. Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.

Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.

По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок“, најави МВР.

Слични содржини