Полицијата во Анкона го испитува случајот на лекар кој на пациентите им давал обичен солен раствор наместо вакцината „Фајзер“, пишува „Фанпејџ“.
Според досега достапните информации, лекарот на овој начин „имунизирал“ околу 30 пациенти, но не е исклучено да ги има и многу повеќе.
Истрагата е започната откако некои пациенти се посомневале во „вакцинацијата“ затоа што лекарот избегнувал да им кажува на пациентите со која вакцина биле имунизирани, ниту им дал потврда за вакцинирање.
Како што се наведува, полицијата допрва треба да го утврди точниот број на измамените, како и мотивите за ваквото однесување, а според списокот, лекарот се бранел дека постапил затоа што бил под притисок од некои луѓе да ги вакцинира иако немал доволно дози.
Лекарот имал на располагање одредена доза на вакцини, но засега не е јасно каде завршиле вистинските.