Викенд-куќата во Ритопек, каде жртвите на тимот на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ се осомничени дека биле измачувани и брутално убиени, повторно денес беше опколена од белградската полиција.
Според неофицијални информации на неделникот „НИН“, истражителите пронашле скриени подземни простории со оружје и експлозив.
Истражителите се сомневаат дека во тие простории најверојатно биле вршени ликвидации.
Специјалците започнаа со собирање докази вечерва, а се претпоставува дека се добиени нови материјални траги и информации врз основа на податоци од шифрирани телефони, но и сведочења на членови на групата кои решиле да соработуваат со Обвинителството и полицијата.
Според српски „Курир“, колона оклопни автомобили во придружба на полицијата пристигнале во викенд куќата во Ритопек. Припадници на жандармеријата и полицијата се исто така околу куќата на Веља Невоља.