Леора Фридберг и Стивен Стерн, економисти од Универзитетот во Вирџинија во САД, спроведоа истражување на 4242 брачни парови како дел од Националното истражување на семејства и домаќинства. Tие им поставиле две прашања и провериле во каква состојба е нивниот однос шест години подоцна.
Прашањата биле следни:
Колку сте среќни во брак во споредба со тоа колку би биле среќни ако не сте во брак?
Понудените одговори биле: многу помалку, помалку, исти, повеќе, многу повеќе.
Што мислите, како вашиот сопружник одговорил на тоа прашање?
„Идејата за љубовта е да ве направи среќни и самиот факт дека вашиот сопружник е едноставно среќен. На пример, би можела да се согласам да работам повеќе домашни работи, што донекаде ја намалува мојата лична среќа, но ова се компензира со знаењето дека мојот партнер има корист од тоа, односно дека е посреќен“, рекла Леора Фридберг, додавајќи дека се чини дека многу парови не придаваат важност на ова.
Само 40,9 проценти од паровите кои учествувале во истражувањето можеле да предвидат што би рекол нивниот партнер. Дури една четвртина од испитаниците покажале сериозни разлики во перцепцијата на среќата како брачна двојка, истакнала таа.
Паровите кои признале дека нема да бидат помалку среќни доколку не бидат во брак или оние кои погрешно претпоставиле како нивниот сопружник одговарил на првото прашање, почесто се разведуваат, пренесува „Yours tango“.
„Стапките на развод биле повисоки меѓу оние кои изјавиле дека се несреќни во брак отколку што би биле ако не биле во брак, како и меѓу оние парови кои ја прецениле среќата на своите партнери“, објаснил Стивен Стерн.