Калач: Кој ќе го води предметот „Монструм“ сега кога Фетаи е унапредена?

од Nikola Popovski
446 прегледи

„Фатиме Фетаи го водеше предметот Монструм и таму имаше пресуди, но таа се уште правосилна и сега таму кој обвинител ќе настапи, доколку одбраната реши да поднесе жалба“, прашува адвокатот Јасмин Калач.

„Кој би ја пишувал таа жалба, бидејќи Фетаи е унапредена во виша јавна обвинителка во Скопје. Исто така имаме проблеми и со други предмети, како на пр со „Поштата“, кој го води обвинителот Бурим Рустеми, кој што исто така е избран во Вишото јавно обвинителство“, смета Калач во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Според него, не може некој обвинител туку така, кој немал никаков пристап и до ваквите тешки случаи, да продолжи само да ги води овие предмети.

Обвинителката Фатиме Фетаи и нејзиниот колега Бурим Рустеми, кои беа дел од поранешното СЈО, се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Фетаи беше избрана со 9 гласа „за“, а Рустеми со 10 од можни 11.

Во Вишото јавно обвинителство преминува и обвинителката Снежана Бундалевска-Георгиевска, која работеше во ОЈО Скопје. Таа работи како обвинителка од 2003 година. Од тогаш, до денес е дел од скопското обвинителство.

Рајчев и Бундалевска-Георгиевска добија максимални 11 гласа „за“ од членовите на Советот на јавни обвинители.

Уште еден кандидат кој беше избран за виш јавен обвинител во Скопје е Наум Паноски, кој досега работеше во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Слични содржини