327
Пандемијата на коронавирус стигна до „Покривот на светот“. Барем една инфекција со коронавирус е потврдена во камп во подножјето на Монт Еверест, на јужната страна на Непал.
Американскиот магазин „Outside“, повикувајќи се на извор на самото место, објави дека станува збор за планинар кој бил позитивен на КОВИД-19 во болницата во Катманду.
Неговиот тим моментално е во карантин, пишува „Дојче веле“.
Во меѓувреме, познат е и идентитетот на заразениот маж. Станува збор за норвешки планинар кој претпоставува дека се разболел од вирусот за време на поход во камп во подножјето на Монт Еверест, што е вообичаена подготовка за искачување на највисокиот врв на светот.
Во некои други извештаи се споменуваат дури три заразени планинари.