Филипче: Само со вакцинација ќе им се вратиме на дружбите со пријателите

од Nikola Popovski
153 прегледи

„Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата. Секој од нас треба да учествува во таа битка“, повика министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, само така ќе може да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе, на дружбите со пријателите.

„Пријавете заинтересираност за вакцинација на vakcinacija.mk“, додава министерот.

Заклучно со 18.04.2021, вакцинирани се вкупно 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891-Pfizer/Biontech и 2.895- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.04.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.

Слични содржини