Жозе Мурињо би можел да биде без ангажман за кратко време. Шкотскиот великан Селтик е заинтересиран за тазе отпуштениот тренер на Тотенхем.
Според британските медиуми, тој веќе разговарал со челниците на клубот од Глазгов, со цел да го преземе овој тим од следната сезона.
Селтик не успеа во шкотскиот шампионат оваа сезона, откако Ренџерс ја освои титулата на убедлив начин.
Португалецот од Тотенхем доби обештетување од 30 милиони фунти во име на предвремено отпуштање.
Тој во својата кариера собра вкупно 100 милиони фунти по тој основ.