„Распоредувањата на рамковните службеници нема никаква поврзаност со годишните планови за вработувања на инспекторатите“

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Согласно членот 14 од Законот за инспекциски надзор, со инспекторатот раководи директор на инспекторат, кој го именува и разрешува Влада во согласност со законот. Така што директорите на инспекторатите се именуваат и разрешуваат на владини седници од страна на Владата, вели претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашковска во интервју за МИА во врска со најновите случувања во Државниот пазарен иснпекторат, каде директорот Стојко Пауновски не прифаќа да вработи 35 лица преку програмата К-5, а по што премиерот Зоран Заев најави дека тој ќе биде разрешен.

На прашање дали распоредувањата на рамковните административни службеници ќе влјае врз овие годишни планови на инсекторатите, Филиповска Грашковска вели дека тоа нема да биде случај.

– Распоредувањата на административните службеници кои се распоредуваат според усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, нема апсолутно никаква поврзаност со годишните планови за вработувања на инспекторатите. Станува збор за две различни работи, кои се спроведуваат и преку различни процедури. Овие вработувања преку Програмата К-5, нема да направат никаква промена во барањата што ги имаат доставено инспекциските служби согласно нивните годишни планови, ниту во ефикасноста на работењето на инспекторатите. Потребата од зајакнување на кадровската екипираност на инспекторатите е повеќе од неопходна, особено на Државниот пазарен инспекотрат, кој има капацитет и потреба да ги ангажира новите вработувања според годишните планови и оние што се планирани според Програмата К5 за правична застапеност, со оглед на неговата интензивност во работата. Така што, секој дополнителен човечки ангажман е добредојден за сите инспекциски служби.

Слични содржини