Колективниот договор за високо образование и наука ќе значи повеќе пари за наставно-научниот кадар, повеќе инвестиции, помотивирани и поквалитетни студенти, сподели премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.
„Со колективниот договор за првпат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително предвидено е зголемување на платата на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година.
Едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи потешкотии од страна на високообразовните установи“, вели тој.