Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
„Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти а 5 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов пциент, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.
Според информации од министерството, во изминатите 24 часа дома биле пуштени 37 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болен.
Надлежните велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопштија од МЗ.