465
Бројот на жртвите во пожарот во болницата во Багдад, каде се лекуваат лица кои страдаат од коронавирус, се зголемил на 82, јави ирачката агенција ИНА, повикувајќи се на соопштение на ирачкото Министерство за внатрешни работи, пренесува РИА Новости.
Исто така 110 лица се повредени во пожарот во болницата „Ибн Хатиб“ во ирачката престолнина.
Според извештаите во медиумите, пожарот бил предизвикан од експлозија на боца со кислород.
[VIDEO] CCTV shows first moments of Baghdad hospital fire https://t.co/UlZqMCOcSy pic.twitter.com/nQVrVsInbG
— ANADOLU AGENCY (ENG) (@anadoluagency) April 25, 2021