Славната водителка Опра Винфри проговори за интервјуто со Меган Маркл и Хари кое крена многу прашина и откри дека некои од нивните одговори ја шокирале.
Таа за време на промоцијата на нејзината книга „What Happened To You? Conversations on Trauma, Resilience, and Healing“, зборуваше и за разговорите со Хари и Меган.
Истакна дека не очекува интервјуто да има такво влијание и откри дека многу се подготвувала за интервјуто.
„За мене беше многу важно да покажам се на светот за да можат сите да го видат тоа, но да не излегуваат во јавноста нешта и да не бидат толкувани погрешно пред вистинското интервју“, изјави Опра за списанието „Пипл“.
Разговорот траел повеќе од три часа, а Опра строго забранила на снимачката екипа да ги открие деталите од интервјуто пред преносот.
„Значи, пуштавме делови на CBS и го сторивме тоа на начин што ништо не може да се користи и погрешно да се протолкува. Вложен е многу труд и енергија во тој дел“, додаде таа.
Водителката тврди дека за неа целта било, но и за војводата и војвотката од Сасекс, да ја споделат вистината со јавноста.
„Тие сакаа можност да ја раскажат својата приказна и да бидат што поискрени“, вели Опра, но не крие дека некои одговори ја изненадиле.
„Тоа беше моќно интервју, бидејќи тие беа отворени, ранливи и искрени. Интервјуто се покажа толку добро затоа што тие на сè одговараа на тој начин. Најмногу ме изненадија изјавите за расизам и кога парот рече дека нивниот син Арчи не добил титула“.
„Тие рекоа дека нема да ја добие титулата. Тој нема да добие осигурување што ќе го заштити, туку дека се загрижени колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди“, се присетува Опра.