„Беше подготвена“: Опра и Шер открија што последно им кажала Тина Тарнер

од Stefanija Kuzmanovska

Тина Тарнер, кралицата на рок музиката, почина пред два дена, на 83-годишна возраст. Последните денови ги поминала во својот дом во Швајцарија, каде и починала.

Деновиве од неа се простуваат нејзините колеги и обожаватели, а водителката Опра Винфри и пејачката Шер раскажаа што им кажала Тина Тарнер пред нејзината смрт.

„Знаев дека е болна, ја видов во 2019 година, ја посетив во болница и тогаш ми кажа дека е подготвена да замине. Поточно, ми рече дека е подготвена да го напушти овој свет. Очекував дека тоа ќе биде последен пат да ја видам“, изјави Опра за CBS Mornings.

Тина ѝ кажала слично нешто и на колешката Шер.

„Таа се бореше со болеста долго време и беше многу силна, исто колку што луѓето мислат дека е, но кон крајот ми рече: ‘Навистина сум подготвена. Не сакам повеќе да се борам’“, изјави Шер, која исто така рече дека Тина имала апарат за дијализа во нејзиниот дом.

Слични содржини