Шефот на британската агенција за надворешни разузнавачки служби МИ6, Ричард Мур, објави дека Велика Британија започнала „зелено шпионирање“ на најголемите индустриски развиени земји во светот со цел да следи дали ќе ги одржи ветувањата во однос на климатската криза.
Мур за „Тајмс радио“ изјави дека климатската криза е најважната меѓународна точка на агендата во Велика Британија и целата планета.
„Нашата работа е да проверуваме и да се грижиме секој да го направи она што го ветил. Како што луѓето секогаш велат, треба да им се верува на другите, но и да се проверуваат. Секој мора да биде прилично вклучен во борбата против климатските промени“, рече Мур.
Велика Британија оваа година ќе биде домаќин на конференцијата COP26 за климатските промени.
Коментарите на Мур доаѓаат откако американскиот претседател Џо Бајден беше домаќин на виртуелен самит на кој се собраа светските лидери и кои зборуваа за потребата од борба против климатските промени.
Британскиот премиер Борис Џонсон беше еден од говорниците на самитот и го претстави најамбициозниот план кој предвидува Велика Британија да ги намали емисиите за 68 проценти до 2030 година, и за 78 проценти до 2035 година и да ја врати таа појава на нивото од 1990 година.