Казахстан започна вакцинација против корона со сопствена вакцина

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Казахстан започна вакцинација против коронавирус со сопствената вакцина „КазВак“ (QazVac), која е во третата фаза на клинички испитувања.

Според државната телевизија, 50.000 вакцини во две дози, развиени од Државниот институт за истражување на биосигурност, се дистрибуирани низ Казахстан.

Министерот за здравство Алексеј Цои ја прими првата доза на вакцината во директен телевизиски пренос, наведувајќи дека се чувствува „добро“ и дека владата е во преговори со Турција за производство.

Казахстан е првата земја која започна со производство на руска вакцина „Спутник V“, досега доминантна во кампањата за имунизација на коронавирус.

Според министерот за здравство, секое 20-то лице во Казахстан е вакцинирано од почетокот на кампањата, која започна во февруари.

Слични содржини