Коментарите на сметка на појавата на славниот актер Бред Пит на овогодинешните Оскари не престануваат. Тој беше водител за категоријата најдобра споредна актерка, а носеше и класично црно одело. Тој стана главна тема на социјалните мрежи откако гледачите забележаа еден детал – имаше мал реп.
„Бред изгледа навистина добро, но мора да го отсече тој мал реп“, „Те сакам иако носиш мал реп“, се само дел од коментарите на Твитер.
Brad finally appeared to present #Oscars award sporting a low man bun, #BradPitt Goodnight pic.twitter.com/4979x6GTYf
— Flaunted💙 (@TraceyBenmore) April 26, 2021
Бред Пит го додели Оскарот за најдобра споредна женска улога на 73-годишната Џун Јух-џунг. За време на нејзиниот говор, Џун флертуваше со Бред.
„Господине Бред Пит, мило ми е што конечно ве запознав. Каде бевте вие додека снимавме?“, ги насмеа актерката присутните во салата.