ДКСК достави документација во ОЈО за гонење на двајца поранешни градоначалници на Центар

од Andreja Salpe
296 прегледи

ДКСК денеска до ОЈО ја испрати иницијативата за кривично гонење на поранешните градоначалници на Општина Центар Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, како и за службени лица од општината, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје и за овластените планери, поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Тие со своето не постапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП неусогласен со ГУП и со тоа се реализира имотна корист кај сегашните сопственици на парцела која е дел од ДУП Ц08 појаснуваат антикорупционерите.

Слични содржини