Хасани: Ослободувањето за празниците не е направено за да се собираме, туку да се чувствуваме слободни

од Берта Китинска
421 прегледи

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани, уште еднаш упати апел  за време на празниците да се почитуваат мерките за носење маски, одржување растојание и дезинфекција.

Тој објасни дека полицискиот час ќе биде укинат за Велигден, ноќта сабота кон недела и за Рамазан 12 кон 13 мај, за граѓаните да се чувствуваат слободно.

– Ослободувањето не е направено за да се собираме туку за да се чувствуваме слободни во овие свети верски празници што ни претстојат. Апелирам сите да ги почитуваме мерките на несобирање, односно одржување дистанца, хигиена и сите други мерки – рече заменик – министерот Хасани.

Слични содржини