Препорачаната дневна доза на витамин Ц е околу 75 мг за жени, 90 мг за мажи и околу 80 мг за трудници. Дали ја внесувате доволната количина на витамин Ц? Иако на овој многу важен витамин гледаме само како на додаток во исхраната, тој е многу повеќе од тоа.
Витаминот Ц не само што го стимулира имунолошкиот систем и го намалува ризикот од настинки и грип, тој игра и клучна улога за апсорпција на железото во организмот. Железото е важен елемент кој учествува во голем број на процеси, вклучително и во транспортот на кислородот до секоја клетка на телото.
Витаминот Ц помага и за одржување на здрав коскен систем, здрави непца и заби, ја прави кожата убава и учествува во синтезата на колаген.
Важно е витаминот Ц да биде присутен во секој оброк во денот.
Појадок
Најдобрите извори на витамин Ц, кои би можеле да се вклучат во нашиот појадок се портокали , грејпфрут и јагоди. Додадете ги во форма на свеж сок или како свежи парчиња.
Ручек
Повеќето сосови на салатата не се вклопуваат во здравиот оброк. Затоа заменете ги со маслиново масло и свеж сок од лимон. Едни од најбогатите зеленчуци со витамини се црвените пиперки, брокула, домати, кељ.
Ужинки помеѓу оброците
Тие исто така можат да вклучуваат овошје богато со витамин Ц и во исто време нема да го зголемат драстично нивото на шеќерот во крвта. Поткаснувајте повеќе киви и јагоди.
Вечера
Менито повторно треба да е составено од 50 отсто храна со висока содржина на витамин Ц. Треба да знаете, дека овој витамин е меѓу првите материи кои се исцрпуваат кога се консумира алкохол, кај луѓето кои пушат или страдаат од дебелина.