Маричиќ: Целосно ќе се дигитализираат 34 судови и над 120 судници

од Nikola Popovski
277 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција за дигитализацијата на судството, ги претстави планираните активности.

„Целосно ќе се дигитализираат 34 судови и над 120 судници. Ова е квантен технолошки скок кој ќе се направи за релативно кратко време. Како Влада преземаме обврска да обезбедиме средства за одржување на опремата која ќе биде инсталирана во судовите, но и јакнење на човечките ресурси потребни за работа и одржување на истата. Дигитализацијата меѓу другото ќе значи и воведување на онлајн судења, а тоа навистина многу ќе ги забрза постапките, кои ќе бидат и поевтини, а можностите за одложување ќе бидат значително намалени. Пример, со дигитализацијата и промените на одредбите на Законот за прекршоци, ако еден жител на Скопје направи сообраќаен прекршок во Охрид и поради тоа ќе треба да оди на суд за прекршоци, нема потреба веќе да патува до Охрид. Се ќе биде завршено брзо и едноставно со помош на информатичките средства”, информираше Маричиќ.

Како што истакна министерот, со воведувањето на платформата за интероперабилност како долгорочен приоритет во правосудните институции се овозможува поврзување на сите институции, побрза размена на податоци, сигурност при размената на податоците, достапност на податоците, поефикасна работа на самите институции и поефикасно и побрзо опслужување на крајните корисници.

Слични содржини