Заев ќе ја прими петицијата oд инспекторите: „Останувам на ставот за разрешување на Пауновски“

од Берта Китинска
356 прегледи

Во 9 часот е закажана средбата на инспекторите кои застанаа во одбрана зад својот директор Стојко Пауновски и премиерот Зоран Заев.

-Ќе имам средба со инспекторите кои сакаат да ми ја достават петицијата која ја имаат потпишано, изјави Заев кој  порача дека останува на ставот дека првиот човек на Пазарниот инспекторат, треба да се разреши.

Разрешувањето на Пауновски ќе биде една точка на дневен ред на денешната владина седница која е закажана за 12 часот.

-Вредно е да се разгледуваат сите постапки. Сум примил критика и сум знаел да се корегирам и кога не сум бил доволно цврст во определбите исто времено сум знаел да учам кога треба и да бидам толерантен. Утре владата ќе одлучи , а јас останувам на ставот кој го изнесов во јавноста, изјави Заев.

Досега неколку институции реагираа дека наложените вработувања, кои им ги испорача Министерството за политички систем, како дел од прераспределбите на вработените по Рамковен договор, не одговараат со потребите и систематизацијата.

Најостри реакции имаше од страна на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, кој изјави дека нема да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 лица, бидејќи дел од нив не соодветствуваат на барањата и сакале да работат само во одделни градови.

Слични содржини