Владиката Тимотеј: Никогаш не сме кажале дека нема да причестуваме со лажичка, оној кој се сомнева нека не пристапува

од Берта Китинска
414 прегледи

Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј за вестите на ТВ 24 вели дека храмовите за верниците секогаш се отворени, но повика да се почитуваат мерките за празникот.

-Црквите никогаш не биле затворени дури и да има ограничување. МПЦ ги замолува своите верници да се придржуваат до препораките да држат дистанца и да се носи маска. Секаде е опасно, но доколку се придржуваме до препораките ќе биде со помал ризик за зараза.

Во однос на причестата со лажичка владиката Тимотеј вели дека тоа е лична одлука на верникот.

-Никогаш не сме ни кажале дека нема да причестуваме со лажичка и дека се сомневаме, оној кој има резерва и се сомнева нека  не пристапува. Стотина луѓе кои ја употребиле лажичката досега ќе беа заболени, вели  Тимотеј.

Слични содржини