Арифи: Ако ДУИ процени дека најдобар кандидат за Тетово сум јас, тогаш ќе се кандидирам

од Берта Китинска
268 прегледи

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, на прашање дали ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори кои што треба да се одржат наесен, таа истакна дека за тоа ќе одлучат структурите на ДУИ.

„ДУИ има свои политики за мерење на анализите што треба да се направат. Партијата одлучува за кандидатот. Партијата прави свои мерења. Ние на избори излегуваме според тие мерења. Ако партијата процени дека најдобар кандидат за Тетово сум јас, тогаш ќе бидам јас, ако проценката е поинаква, тогаш ќе биде поинаку“, изјави Арифи во „Click Plus“.

Слични содржини