СДСМ: 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
368 прегледи

„Вооружени насилници упаднаа на 27-април 2017 година во Собранието со намера да убијат пратеници, новинари и полицајци и ја донесоа државата на раб на граѓанска војна“, објавија од владеачката СДСМ.

Според нив, денес, четири години подоцна, ВМРО-ДПМНЕ е истата насилничка и режимска партија.

„Христијан Мицкоски брани осудени насилници нарекувајќи ги „уставобранители“. Тие насилници никогаш не биле и нема да бидат уставобранители, туку исто како Мицкоски тие се бранители на криминалите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави крвавиот четврток, нема да дозволи никогаш повеќе да се повтори“, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини