Јувентус пред исфрлање од Серија А?!

од Stefanija Kuzmanovska
543 прегледи

Помина една недела од помпезното претставување на проектот за Европската Суперлига, полузатворено натпреварување на богати клубови, но тоа заврши уште пред самиот почеток.

Повеќето од 12-те основачи покренаа постапка за излез, а поради сè што се случуваше претходните денови, во Италија беше донесено правило „против Суперлига“, кое не дозволува тамошните клубови да учествуваат на натпревари што не се организирани од Лигата или УЕФА.

Со новото правило, кое ќе стапи на сила во јуни, сите оние кои сакаат да станат дел од Суперлигата ќе бидат исфрлени од Серија „А“, а вакво нешто се подготвува, потврди првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриела Гравина.

– Кога станува збор за правилото против Суперлигата, станува збор за оние кои сакаат да учествуваат во натпреварувања кои не се одобрени од УЕФА и ФИФА, ќе го загубат своето членство во италијанскиот шампионат, рече Гравина.

Од италијанските клубови, Интер, Милан и Јувентус учествуваа во основањето на Суперлигата. Интер се повлече, Милан е неодлучен, а Јувентус сè уште верува во проектот Суперлига.

– Досега, не знам кој излегол и кој останал во Суперлигата. Сепак, ова правило ќе биде во фаза на лиценцирање за следниот шампионат. Ако некој сака да игра во приватна лига, тогаш нема да може да игра во национална, јасен е Гравина.

Да потсетиме, сите основачи на Суперлигата планираа да играат национални шампионати заедно со ова натпреварување, но италијанските клубови веќе нема да ја имаат таа можност, а сличен став изразија и претставници на другите лиги.

Слични содржини