На годишнината од немилите настани во Собранието на 27 април 2017 година, Демократската Унија за Интеграција апелира до сите политички партии да се заложат дека 27 април повеќе нема да се повтори.
„Го осудуваме говорот на омраза што се слушна за време на протестот организиран во неделата во одбрана на обвинетите и осудените лица за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РСМ. Појавувањето на менталитетот од пред 2001 година не му личи на едно мултиетничко општество и држава како што е Република Северна Македонија бидејќи тоа го отежнува континуираното градење на доверба меѓу нашите народи.
Една од учесничките на овој протест за време на нејзиниот говор пред присутните рече дека за неа е неприфатливо осудените од 27 април да останат зад решетки и како што истакна, терористите од војната во 2001 година да бидат дел од законодавната, извршната и судската власт. Истата учесничка исто така рече дека луѓето кои го тероризираа Собранието на 27 април 2017 година се патриоти, родољубиви луѓе и дефинитивно не треба да се третираат исто како терористите од 2001 година.
Овие архаични и регресивни идеи треба да бидат осудени од сите учесници на протестот и истите да се дистанцираат за да не се идентификуваат со нив. Остануваме посветени на функционирањето на земјата како што ѝ прилега на земја-членка на НАТО и земја која во блиска иднина има за цел да стане дел од Европската Унија“, соопшти ДУИ.