Таблетата на „Фајзер“ која спречува ковид-19 може да биде достапна до крајот на годината доколку биде успешно човечкото испитување во САД и Белгија.
„Досега нема други лекови, освен вакцини, кои можат да спречат инфекција со ковид-19, но ако еден се открие, тоа би можело да го избрише заклучувањето засекогаш“, вели експерт, пишува „Дејли меил“.
„Фајзер“, компанијата која произведе една од најпопуларните вакцини во Европа и Северна Америка, започна со тестирање на својот експериментален лек врз луѓе.
Антивирусниот лек, наречен ПФ-07321332, може да се даде на луѓе кои почнале да покажуваат симптоми на инфекција за да ги спречат да развијат тешка форма на болеста.
Иако повеќето луѓе ќе бидат вакцинирани, вакцините не се 100 проценти ефикасни, а некои луѓе не можат да ги примаат што значи дека коронавирусот ќе продолжи да се шири.
Таблетата може да помогне во спречување на тешки форми на болест кај луѓе кај кои вакцините не делуваат добро, или може да биде втора линија на одбрана во случај да се појави нов вирус.
Во моментов, околу 60 лица се вклучени во првата фаза од испитувањето на „Фајзер“ за лекот ПФ-07321332, што треба да заврши на 25 мај. После тоа, ако се докаже дека таблетата е безбедна, ќе се спроведат поголеми тестови со повеќе луѓе за да се докаже дека дефинитивно запира ковид-19, како што сугерираат лабораториски тестови.