Фетаи: Борбата за првада и против криминал ќе продолжи со уште посилно темпо

од Берта Китинска
559 прегледи

Пред членовите на членовите на Советот на јавните обвинители заклетва даде поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи која денеска и официјално е виш јавен обвинител во Скопје.

Обвинителката Фетаи  по дадената заклетва изјави дека исто така позитивен чекор е воведувањето на почетни елементи на транспарентност во процесот на избор и унапредување на јавните обвинители во Вишото ЈО – Скопје, каде што таа е избрана заедно со другите колеги.

– Очекувам борбата за првада, борба против криминал да продолжи со уште посилно темпо. Меѓутоа сега од една друга поинаква, повисока позиција. Во согласност со потребите на соодветните потреби на јавните обвинителства во државата очекувам и посакувам во најскоро време да бидат избрани и останатите колеги од поранешното СЈО, меѓутоа и други колеги обвинители од другите обвинителства во државата кој со своето работење се докажани како врвни професионалци, изјави Фетаи.

Слични содржини