„Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија очекуваат економски раст во 2021 година, по најлошата рецесија во регионот во 2020 година“, соопшти Светската банка.
Раст од 3,5 проценти на бруто домашниот производ следната година и бавно закрепнување оваа година. Јавен долг не поголем од 65 проценти, се проекциите на Светската Банка за македонската економија.
„По оваа рецесија предизвикана од пандемијата КОВИД-19, што резултираше со проценето намалување на растот во регионот од 3,4 проценти минатата година, регионот на Западен Балкан се очекува да оствари раст за 4,4 проценти во 2021 година. Во иднина, растот се очекува да забави на 3,7 во 2022 и 2023 година, со продолжените ефекти од пандемијата кои продолжуваат да влијаат на пониските инвестиции и вработеноста во регионот “, стои во последниот Редовен економски извештај за Западен Балкан.