„Јас мислам дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инциденти на 27 Април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш се уште опозиција, или власт во доаѓање“, се огласи бегалецот и екс премиер Никола Груевски на годишнината од „крвавиот четврток“.
„Пренагласеното покажување со прст кон политичкиот противник во секоја можна прилика, илјадници пати повторено, укажува на страв од откривање на вистинските креатори и осмислувачи, укажува на тоа дека и тоа како им е важно друг да биде прогласен за виновен, а тоа може некому да му е толку многу важно само доколку вината е кај него.
Зошто инаку би покажале со прст кон некого дека е организатор а знаат дека не е, без да имаат елементарен доказ и зошто би вршеле отворен и јавен а којзнае уште колку не јавен притисок на судот и судиите, за по секоја цена да утврди друг виновник, сега додека тие уште се на власт? – За да не се открие вистинскиот осмислувач на настанот после кој оваа власт доби голема подршка, што беше лесно предвидливо.
Сега во време кога судскиот совет е целосно ставен под партиска контрола а на оние судии кои не се партиски контролирани од партијата на власта, во тек е генерална ревзиија и секој еден може лесно да биде разрешен ако не постапи според очекувањата на власта“, порача од Будимпешта поранешниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ.
Вистинскиот осмислувач работи друг да се осуди за осмислувач на настаните од 27. Април
Како и во минатите неколку…
Posted by Nikola Gruevski on Tuesday, April 27, 2021