Ќе се формираат 6 регионални центри за КОВИД-19 вакцинација

од Andreja Salpe
285 прегледи

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање регионални центри за КОВИД – 19 вакцинација.

Го задолжи Министерството за здравство, во соработка со Министерството за образование и наука и општините Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на пунктовите по примерот на пунктот организиран во спортската сала „Борис Трајковски” во Скопје.

Слични содржини