Османи: „Нон-пејперот“ содржи идеи на Белград и Москва

од Vladimir Zorba
426 прегледи

Идеите презентирани во најновиот „нон-пејпер“, како што се промена на границите, создавање автономни региони или трето ниво на влада, претставуваат „стратегија на Србија за нормализирање на ваквиот пристап и да стане дел од дебатата“, рече косовскиот претседател Вјоса Османи.

Османи на својот Фејсбук профил напиша дека „ова е старата стратегија на Србија, но и на Русија, повторена сега со цел да се нормализира ваквиот пристап и да стане дел од дневната дебата, а потоа и агендата на дијалогот, што е опасно и дестабилизирачко барање“.

Таа повикува да „не се паѓа во таква стапица“ и дека на Косово имаат „доверба во нивните сојузници, но пред се во самите себе“.

„Денес е ден кога се сеќаваме на нашите најблиски чија судбина сè уште не ја знаеме. Сè додека трае нашата тага за нив, одговорот на судбината на исчезнатите е во Србија. Ниту еден „нон-пејпер“ не може да ги промени нашите приоритети или нашите праведни барања во однос на Србија – разјаснување на судбината на исчезнатите, правдата и воените репарации“, напиша Османи.

Të gjitha ato “non-papers”, që kanë përbrenda ide destabilizuese për rajonin tonë e kanë vetëm një burim:…

Posted by Vjosa Osmani on Tuesday, April 27, 2021