Филипче: Го осовременивме календарот за имунизација, воведовме две нови вакцини

од Берта Китинска
365 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил информира дека покрај имунизација против ковид 19, дека во последните неколку години во календарот за имунизација се воведени две нови вакцини.

-Во пресрет на Европската недела за имунизација, покрај актуелната имунизација која е во тек против Ковид 19 вирусот, последните неколку години го осовременивме календарот за имунизација. Воведовме две нови вакцини – вакцина против рота вирус и пневмококна вакцина. Вакцините кои се набавуваат во нашата држава се од производители од земји членки на Европската Унија, одобрени од Светската Здравствена Организација и истите се употребуваат и во нивните држави. Високот опфат на имунизација кај населението создава колективен имунитет, спречува појава на заразни заболувања и го заштитува детето и возрасните, најблиските членови во семејството и пошироката заедница. При овој процес потребно е сите да бидеме активно вклучени со цел заштита на колективното здравје, пишува Филипче.

Слични содржини