Земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди Индија, луѓето се во паника (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
183 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,1 степен ја стресе индиската североисточна држава Асам, предизвикувајќи пукнатини на ѕидовите, таваните и подовите на некои згради, но нема податоци за можни жртви, пренесува Хина.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 34 километри во близина на градот Декијајули, 140 километри северно од главниот град Гувахати, пишува Хина.

„Овој земјотрес беше најголемиот што го паметам, прво имаше голем удар, а потоа и помал“, изјавил неименуван полицаец.

„Никој не не побара за помош, но луѓето истрчаа од своите домови “.

Луѓето излегоа на улиците од страв од нови потреси, а некои велат дека земјотресот оставил пукнатини во нивните домови, но и на земјата.

„Има огромна штета на целиот наш кат стан со срушени тавани и sидови“, рече Субхам Хазарика, бизнисмен кој живее во луксузен стан во Гувахати. „За среќа, никој не беше повреден“.

Силни земјотреси ги погодија другите североисточни области и соседниот планински регион Бутан.

Индиските службеници за управување со катастрофи проценуваат извештаи за уништување, изјави еден од државните службеници кој побара анонимност.

„Се молам за доброто на сите и ги повикувам сите да останат будни“, изјави главниот министер Сарбананда Соновал за телевизијата АНИ.

Потсетуваме дека Индија има неславен црн рекорд на нови случаи на инфекција со коронавирус. Болниците се преполни и ги отфрлаат пациентите поради недостаток на кревети и резерви на кислород.

Слични содржини