355
„Ќе започне да се работи на клучката кај Момин Поток, која е една од двете главни рути која што ги поврзува северниот и јужниот дел од градот“, изјави денес на прес-конференција, градоначалникот Петре Шилегов.
Тој потенцира дека станува збор за голем проект, во вредност од 18 милиони евра, за кој што постапката е започната вчера.
„Градежните работи ќе започнат во јуни, а изведбата ќе трае 2,5 години. Се работи за најсложениот сообраќаен проект што градот Скопје го има изработено од 1965 година па наваму“, додаде Шилегов, при што потенцира дека за тоа ќе биде потребно да се изградат два кружни тека и 4 мостови на реката Серава.