Глобалната отпорност на антибиотици е зголемена поради нивната активна употреба за време на третманот на пациенти со Ковид-19, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ.
За време на четвртиот меѓународен симпозиум „Едно здравје“, таа истакна дека е потребно да се продолжи со истражување со цел да му се помогне на светот во борбата против епидемијата, да се развие флексибилен пристап и да се поедностави борбата против епидемиите што ќе се појават во иднина.
Вујновиќ предупреди дека отпорноста на антибиотици е закана за современиот свет, бидејќи ја загрозува борбата против други инфекции.
Според неа, главната цел на меѓународните мисии на СЗО е да го информираат населението за отпорноста на антибиотици, пренесе ТАСС.
„Властите и експертите во земјите ширум светот се фокусирани на оваа тема. Ние мора да ги координираме нашите напори со цел да го запреме ширењето на отпорност на лекови “, додаде Вујновиќ.